07
Dec
2018

„Zaha Hadid Architects“ и „A-Lab“ ќе ја проектираат новата метро линија во Осло

Лондонската испостава на  Zaha Hadid Architects (ZHA) и A-Lab - со седиште во Осло, победија на  конкурсот за проектирање на две од шестте станици за новата метро линија во главниот град на Норвешка.

Изгледите на станиците се инспирирани од глацијалните пејзажи на Норвешка.

Метро линијата Fornebubanen ќе биде пет милји под-површината и ќе го поврзува новото соседство на полуостровот Форнебу во Осло со центарот на градот.

 

Source (Извор) : DEZEEN

Двете студија го формираат дизанот на форми налик на кањони кои потсетуваат на планините и фјордовите на Норвешка, врежани во површината водејќи ги посетителите во и надвор од станиците.

 

На северниот влез во Fornbuporten ќе има ортогонален павилјон и плоштад.

Во меѓувреме, Fornbuporten ќе има пар влезни павилјони, поставени покрај јавните површини на двете страни на станицата. И двата ќе имаат рефлектирачки површини, дизајнирани да фрлаат спектар на светлина врз нивната околина.

На северниот влез ќе има ортогонален павилјон и плоштад, додека јужниот крај ќе формира овална крошна во парк.

Осветлувањето во метро станиците ќе се менува според времето на денот, со цел да се подобри расположението на патниците.

Популацијата на Осло се зголеми на речиси еден милион, но урбаната експанзија е ограничена поради заштитените живеалишта и природни географски области на Ослофејд на југ и околните планини и шуми.

Новиот урбан центар Форнебу се создава на местото на аеродромот што е напуштен, при што обезбедува 6.000 домови. Метро линијата Fornebubanen ќе ја поврзе оваа област со Majorstuen на само 12 минути.

"The Fornebubanen ќе биде важна нова транспортна врска за градот", рече Џанлука Рачана, директор на архитекти "Zaha Hadid Architects".

"Луѓето долго го чекаат Fornebubanen", додаде Геир Хааверсен, основач на "А-лаб". "Дизајнот на овие станици ќе биде клучен за развој на овие локации.

Други нови градби кои се создаваат на полуостровот се Новиот аквариум, проект на лондонскиот студио Haptic кој има брановидна покривна купола.

Haptic исто така работи на дизајнот на нов аеродром во градот, во соработка со нордиската канцеларија за архитектура. Проценет како "најголемиот аеродром во светот", треба да заврши во 2020 година.

Изградбата на метро линијата Fornebubanen ќе започне во 2020 година, со рок за завршување до 2025 година.