15
Oct
2018

Скопје 55: Архитектура

Како градот Скопје да ги препознае просторните и културните вредности и предизвици на денешницата и да предизвика визии за идно урбано созревење, 55 години по настаните од 1963?

Две паралелни бесплатни работилници ќе се одржат од 27ми до 30ти октомври, една работилница по архитектура предводена од Сара Симоска и една по поезија предводена од
Калиа Димитрова.

Source (Извор) : MELEEM

Работилницата по Архитектура ќе се служи со колажот како алатка, а крајна цел ќе биде поставување на просторна инсталација во детално избрана локација, со што ќе привлечеме поголемо внимание кон граѓаните на Скопје за нашите визии за нашиот град.

Работилницата по Поезија ќе вклучува вежби за креативно пишување и разговори за личното видување и доживување на градот од страна на учесниците, со цел изработка на кратки книжевни дела кои ќе бидат изведени при просторната инсталација.

Дополнително на 4 дневните работилници ќе се приклучат гости со кратки презентации, активни граѓани на Скопје кои со својата работа ја потресуваат нашата реалност и не мотивираат да сонуваме:

Христина Секулоска и Ирена Милојеска | ХИМА
Мартин Пановски | AAM, RADiUs
Иван Шопов | 091 – Антиразгледници од Скопје
Бранислав Спировски и Димитар Попов | Reborn
Даница Павловска Циги | ААМ, Го сакам ГТЦ
Илија Стефановски | [0.10]error of harmony
Васил Шемкоски | Скопје 091
Трајко Димитров | архитект од првата генерација архитекти на Македонија
Филип Конески и Мартина Штериова | МАРХ
Владо Данаилов | Архи.тек и Студио 90