fbpx Римини: Саем на зелени технологии Ecomondo/Key Energy | Studio John & Johny
31
Oct
2019

Римини: Саем на зелени технологии Ecomondo/Key Energy

Од 6-ти до 9-ти ноември во Римини, Италија се одржува меѓународниот саем на зелени технологии Ecomondo/Key Energy. Ecomondo е изложба на најефикасни технолошки решенија за правилно управување и валоризација на отпадот во сите облици, потоа управување со вода, ефикасно користење на ресурсите и енергијата, и сл.

Ecomondo е референтна платформа за Средоземјето и нуди можности за расправа со националните и меѓународните стручњаци за главните технички прашања, кои се однесуваат на управување и валоризација на отпадот, првенствено во индустриските сектори (цемент, керамика, хемикалии, минерали, метали, железо и вода), што опфаќа 450.000 компании во Европа. Саемот е посебна B2B алатка за оспособување на стручњаци и добивање на нови информации.

Source: