fbpx ИДЕЕН ПРОЕКТ Домување во станбена куќа | Studio John & Johny

Објектот има еден главен влез, до приземјето се стигнува со скали кое е подигнато од терен на кота 1.13м, подрумот е полувкопан на кота -1,39м од терен и преставува заеднички простор за двете семејства.

Приземјето има две засебни станбени единици кој се состојат од влезен предпростор со скали, дневен престој со кујна и трпезарија и тоалет.

Од секоја станбена единица преку внатрешните скали се доаѓа до подкровјето во кое се решени спалните и детските соби заедно со бањи и гардеробери.