fbpx Загреб – фотоволтаична фасада на станбено – деловен објект | Studio John & Johny
19
Aug
2020

Загреб – фотоволтаична фасада на станбено – деловен објект

Во текот на претходната деценија голем број компании во нашиот регион се свртеа кон соларната енергија, па веќе и се навикнавме на фотоволтаичните панели на покривите. Голем е и бројот на домаќинствата на Балканот кои вградуваат мали соларни електрани на покривите. Сепак, проектот кој неодамна е реализиран во Загреб е поинаков. Станува збор за фотоволтаични панели поставени на фасадата на една станбено-деловна зграда. Во текот на денот, кога Сонцето зрачи на југозападната страна, се произведува електрична енергија за потребите на објектот, а доколку се произведе вишок енергија, ќе се враќа во мрежата. Доколку се прозиведува помалку енергија од потребите, тогаш разликата се зема од мрежата.

Објектот е сопственост на семејството Ивиќ, кои вложиле 39.000 евра во проектот со фотоволтаиците. Прво поставиле 44 фотоволтаични панели на покривот, а потоа уште 44 на фасадата. Исплатливоста е проценета на 7-8 години.

Source: