fbpx Инверзија на природата: како клима уредите ги креираат модерните градови | Studio John & Johny
23
Aug
2018

Инверзија на природата: како клима уредите ги креираат модерните градови

Без клима уреди не би постоеле кина какви денсе ни се познати, бидејќи тие поради гужва би морало да се затвараат преку лето. Слична е ситуацијата и со трговските центри, кои не би можеле да функционираат без клима, како и големите деловни згради во кои во секој моент се вклучени голем број компјутери. Исто така е интересно дека и големите светски музеи, вредните уметнички предмети ги чуваат во климатизирани простории со прецизно одредена температура.
Благодарејќи на клима уредите процветале цели градови на локации кои порано биле недостапни или јакото сонце сметало на нивната изградба. Такви случаи особено се изразени во Кина, САД, Индија, земјите на Персискиот залив. Но, не е се баш така едноставно.

Првото прашање е на кој начин се променила архитектурата во објекти во кои функционира клима, особено кога зборуваме за големи јавни простори, какви што се комерцијалните објекти. Тие веќе немаат сокриени отвори и ходници кои овозможуваат струење на воздухот, бидејќи природна вентилација во затворен простор повеќе не е потребна. Денес современите објекти вклучуваат цела мрежа на вентилациони тунели кои воопшто не се евтини.
„Најзначаен ефект на климатизацијата на архитектурата се гледа во општетствените простори кои ги создава. Во Хјустон, како и во поголем број градови на југот на САД или во земјите на Персискиот залив, можете да се движите од климатизирана куќа до климатизирана гаража, а потоа со својот климатизиран автомобил да стигнете до климатизиран паркинг во подножјето на некој трговски центар или работното место. Можно е, односно вообичаено е да го поминете цел ден, дури и цела недела во исклучиво контролирани, климатизирани простори“, пишува Moore.

Овој феномен може да доведе до сериозни последици, како сензорно лишување кое сега скоро сите го прифаќаат без прашање, а во кое активната интеракција на телото и природната атмосфера станува хомегенизирана и пасивна. Од друга страна во културолошка смисла, уште една кризна точка претставува и се поретко користење на класичен јавен простор во рамки на кои луѓето најчесто се собираат на отворено.
„ Во еколошка смисла, климатизацијата е анти-социјална. Таа купува удобност на сопственикот по цена на пренесување на вишокот топлина на друго место, на околните улици и на крајот на атносферата на планетата“, заклучува Moore во својот текст.

Source: