fbpx Идејно решение: Зграда на општиска администрација на Општина Аеродром | Studio John & Johny

Целта е да објектот живее во времето кога и е создаден. Стил на модерно  живеење со современи материјали и модерен минимализам како докажана категорија во европски искуства. Современиот израз на фасада со нагласена хоризонтална  маса предизвикува објектот да живее заедно со соседните објекти создадени во друго време.

Архитектонскиот израз е добиен од основната идеја на објектот административно општествен карактер на зграда каде ,,таткото,, на  општината ги заштитува и ги пречекува сите свои ,,деца,, под еден покрив. Внатрешноста се развива во спирално форма  која расте во височина.Заради  осветлување во централниот дел на објектот, а  е решен со лантерна на кров.

Самоодржлив објект

Објектот е замислен сам да ги задоволува потребите за осветлување,греење,ладење и техничка вода со  системи кои ги користат обновливите природни енергии - сонце, дожд, толина од земја. Обвивката на фасадата кон улицата  ги крие елементите за ладење и вентилација како и садниците во кои ќе се насадат висечко зеленило кое има повеќе наменска улога -заштита од сонце, ветар, бучава, загадување и визура. 

Парцелата има неправилна  форма  од три страни слободна на локацијата додека од југ има калкански ѕид , од источната страна има соседен објект. Паркирањето за вработените е решено во склоп на самиот објект -подземно на едно  ниво. Посетителите ќе го користат јавниот паркинг простор пред самиот објект . Целиот објект и платформата пред објектот е на кота 0.00 т.е. за 16 см поткренат од теренот на пристапната улица. 

Конструктивни елементи

За оформување на конструктивните и архитектонските елементи во објектот се применети армирано бетонска конструкција. Меѓуспратната конструкција да се изведе од  масивна плоча. Фасадната обивка  е од метални решеткасти носачи исфрлени  во воздух кои ќе бидат ,,облечени,, со алукобонд во сива  боја прифатени на ѕидните армирано бетонски носачи. Надворешните  ѕидовите да се изведат  од керамички термо блок 25см, со надворешна термоизолација. Внатрешните ѕидови да се изведат од шупли блок 20см, или лесни прегради од гипскартон плочи во зависност од просториите кои ги преградуваме.

Кровот  да се реши како двоводен со  лантерна за осветлување. Полукружното покривање на објектот ја надополнува сликата за современ објект но сепак задржувајќи ,,класичен кров“. Покривањето е со ,,сендвич“, пластифициран ребраст лим со термичка изолација поставена на носива  метална кровна  подконструкција. 
Овие архитектонски детали покрај својата функција имаат и декоративна улога на фасада.

При проектираwе се почитувани сите технички нормативи и најсовремени технологии  за енергетска ефикасност и современо градење.