- English
- Македонски
Со проектот се предвидува адаптација на просторот во функција на потребите на инвеститорот. Во локалот ќе се изврши санација на целокупниот под, постојниот под од линолеум ќе се извади целосно, цементната кошулица ќе се санирана места каде што е потребно. Новиот ПВЦ под ќе се постави со лепење врз предходно поставена олма маса. Тоалетите ќе се реконструираат целосно: ќе се рушат постојните ѕидни и подни плочки, подна кошулица и на нивно место ќе се постават нови.
Ќе се замени целосно водоводната мрежа и дел од канализационата мрежа. Санитарните елементи ќе се заменат со нови. Дел од постоен внатрешен ѕид од керамички блок ќе се руши, за да се овозможи поголема прегледност на просторот. Се предвидуваат и три нови простории: две канцеларии и една занимална, истите ќе бидат преградени со гипс картонски плочи на сопствена подконструкција со исполна од камена волна.
Едната канцеларија- лево од влезот ќе има влез и од надвор. Постојните надворешни прозорски портали како и внатрешните прозори и врати ќе бидат заменети со нова ПВЦ столарија. Внатрешните ѕидови како и надворешниот дел од деловниот простор ќе бидат санирани и соодветно обоени. Плафонот низ целиот простор ќе се спушти со амстронг плочи на подконструкција. Електричната инсталација ќе биде целосно заменета со нова.