Георги Константиновски / 1930 – 2020
Георги Константиновски е роден на 29 јули 1930 година во Крагуевац, Србија, дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје на одделот за архитектура ( 1956). Во 1965 го добива називот МА (магистер) на унивезрзитетот Јеил во САД ( ментор Паул Рудолфд и Сергеј Чермаеф). Потоа во Њујорк соработува со славните архитекти како што се Јо Минг Пеи, Хенри Коб и Аралдо Косута.
Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје до 1995. Од 1999 е член на Академијата за архитектура при Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Бил претседател на Советот за урбанистичко планирање на град Скопје (1983) и декан на Факултетот за архитектура (1987-1989). Собранието на Словенечката Академија за Наука и Уметност „Сазу” го избрала на 1ви Јуни 2007 за дописен член.
Присутен е на македонската архитектонска сцена во периодот кога започнал процесот на ревизија и критика на модерната архитектура. Неговите дела го дефинираат процесот на обнова на Скопје после земјотресот, но во сите тие дела се гледа неговиот сопствен авторски израз, така да неговите дела стануваат референтни точки на новата архитектонска стварност. Во светски рамки различни креативни остварувања како и барања на модерната архитектура неговите дела изненадуваат со јасност и чист стил применет во Архивот на Скопје ( 1967 )
Тој објект со време добива на значај и стручна тежина, на врата во светот на основните кристално јасни форми кои архитектот ги превзема како наследство на врвните човекови мисли и во продолжение ги комбинира во фасцинантни организми кои истовремено зрачат со едноставност и изненадувачка содржина како и повеќеслојно архитектонско одржување. Конечните просторни и значајни акорди навистина додаваат величенственост во форма на брусен дијамант кој сам по себе пренесува порака до драгиот камен со сосем поинаква вредност каква што претставува избрусениот градежен кристал за секојпат зачуваното архивско градиво. Префинета профилација на фасадната текстура на бетонот која се гледа, го поврзува целиот просторен ансамбл и му даваат аскетски вид во скромност на толку богата и уверлива вредност.
Во контраст на максимално класичната хармонија на распространетите градежни делови на Архивот, е архитектурата на студентскиот дом Гоце Делчев ( 1971 ) кој ја има прикажано живоста и немирниот пулс на живеење и работење на младите. Драматичните структури со голема потезна основа во принцип се одраз на малечок град со внатрешните улици, плоштади, простори за дружење и одмор. На сето тоа се надоврзуваат добро осмислени единици за домување кои и покрај ограничените употребни површини успешно го поврзуваат амбиентот за студирање и интелектуален труд како и соодветно издвоено подрачје за живеење.
Во извонредно големиот опус на проектирање и изведени згради според различни програми и содржини отскокнуваат неговите дела за традиционалната архитектура. Таков е на пример домот во Разловци во кој на достоинствен начин се испреплетуваат традицијата и иновацијата. Со заокружен ликовен волумен на тој спомен дом во спомен домот на Асном во Пелинце соодветствува примамливо наведнато оформен покривен и влезен плоштад. Со неговата внатрешност, атмосверата на музејската сала преминува во сказна на кристален амбиент во кој како реликвија е вградена реконструкцијата на автентичниот простор во кој се одвивал значаен момент на македонската понова историја. Немирноста и никогаш до крај задоволен глад на Константиновски во последниот период го донесува до пасионирано ангажирање со мега структури. Големи во основа правилни геометриски форми, целосно опфатливи програми кои истражувуваат можности и правци на урбанизам и уредување на градовите на иднината. Наместо денешната пракса која со градежното искористаување на земјиштето ја преплавува и уништува околината тој нуди визија на радикално различни згради со концентрација на програми и смислена организација и квалитет на работната и животната околина со што доследно се заштитува природната околина толку важна за луѓето.
В0 архитектонскиот развој и следење на сопствениот израз, кој произлегува од филозофскиот, конструктивниот и уметничкиот аспект на секој проект посебно, тој има изработено 450 проекти и студии. Од нив треба да се нагласат главните реализации како што се Архивот на град Скопје, Архивот на град Штип, Архивот на град Охрид, Институтот за земјотресно инжењерство и инжењерска сеизмологија на град Скопје, Студентскиот дом Гоце Делчев, Палата Унија, објектот Кузман во Скопје, Спомен домот на Разловечкото востание, Спомен домот во Пелинце, поголем број станбени објекти и комплекси. Како универзитетски професор на Архитектонскиот факултет во Скопје тој со едукација и со пренос на своите погледи и искуства влијаел значајно на развојот и работата на многубројни млади генерации мамкедонски архитекти. Како предавачи и активен учесник во пошироката јавност, пред се во подрачјето на архитектурата и културата како и сопствени книги и други публикации дал забележителен придонес во развојот на современата македонска архитектура. Меѓу нив треба да се истакнат книгите, Архитекти на Македонија меѓу 18-20 век кои се сеопфатен, детален и прецизен приказ на историјата на архитектурата на македонското подрачје и ги претставува нејзините реализатори.
Како врвен креатор си обезбедил угледно место во аналите на современата македонска архитектура. Истовремено му успеало, да во неговите архитектонски дела на нему својствен и оригинален начин ја оживее и промовира македонската градежна традиција и да ја поврзе со новите модерни пристапи. Севојата архитектура на таков начин ја подигнал до врвните достигнувања во кои перманентно се испреплетуваа логиката и лириката и по таков начин обликуваат целина кој на најбогат можен начин е посветена на човештвото.
Тој е еден од 50 најславни архитекти на светот, кој ги претставувале своите дела на третото светски архитектонско триенале во Белград (1991). Во таа прилика бил избран за најдобар архитект меѓу наугледните југословенски колеги. Добитник е на наградата 11 Октомври (1996), ѕти награди на Борба ( 1969,1972,1983), големите награди на БИМАС(1981 и 1995), орден на трудот со златен венец (1985) и наградата за животно дело Андреј Дамјанов(1999). На списокот на великаните на светската архитектура на Модерната, Константиновски ја претставува својата земја како единствен архитект застапен меѓу сите славјански земји.
арх. Марко Мушич