Добитници на наградите од Комората за 2018 година
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 18 декември, традицинално ги прогласи добитници на наградите од Комората за 2018. Свечената прослава се одржа во просториите на КОАИ во присуство на членови на Комората, останати инженери, соработници на Комората и пријатели.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери додели четири именувани награди за 2018 година.
За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ отиде во рацете на архитект и урбанист Рафаил Влчевски.
Дополнително, годинава е доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката.
Исто така и Благодарница на архитект Даница Павловска – Циги, како член на Комората, добитник на наградата „13 Ноември“долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.