fbpx "Wikkel House" Мали картонски куќи, направени да траат најмалку 50 години | Studio John & Johny
12
Jan
2019

"Wikkel House" Мали картонски куќи, направени да траат најмалку 50 години

„Fiction Factory“, компанија составена од креативци од Амстердам, создаде линија на мали куќи направени од картон што можат да се состават за еден ден.

Ги нарекуваат „Wikkelhouse“ и голем број кампови ширум Европа веќе ги инсталираа одржливите единици и тие се достапни за купување во Франција, Германија, Велика Британија, Данска, Белгија, Луксембург и Холандија.

„Wikkelhouse“ е флексибилен концепт. Може да се прошири со модули кои содржат тоалети, бања и кујна. Индивидуалните стандардни сегменти може едноставно да се поврзат со скриени врски за да формираат викенд куќичка или канцеларија. Генерално, поради неговата лесна конструкција, не се потребни темели.

Основата на „Wikkelhouse“ е картон добиен од нерециклрани влакна, добиени од скандинавски дрвја. Овој висококвалитетен картон е обвиткан околу уникатно-патентирана форма во облик на куќа, со додавање на еколошки лепак. Ова резултира со стабилна сендвич структура со оптимални изолациски својства и структурна јачина.

По обвиткувањето со картон секој сегмент се покрива со водоотпорна но дишечка фолија. Оваа фолија осигурува дека картонот нема да накисне за време на дожд, додека влагата во картонот секогаш може да излезе. Надворешната обвивка на „Wikkelhouse“ е изработена од борово дрво и ја заштитува фолијата од УВ / Сончева светлина.

„Wikkelhouse“ ги исполнува стандардите за привремени и трајни услови за сместување. Тоа е три пати поодржлив од традиционалната конструкција со приближен животен век од најмалку 50 години. Материјалите што можат да се рециклираат и можноста за повторно користење на модулите, ја гарантира неговата одржливост.

Source: