fbpx Во Иран архитектурата која има способност да биде посредник | Studio John & Johny
10
Dec
2020

Во Иран архитектурата која има способност да биде посредник

Бирото за архитектура со седиште во Техеран, ZAV Architects, изгради куќи со шарени куполи изработени од набиена земја и песок на островот Хормуз во Иран.

Наречени „Присуство во Хормуз 2“, градбите со вкупна површина од 10.300 квадратни метри, содржат 200 куполни станбени единици во различни димензии кои се расфрлани на локацијата во групи и создаваат петта фасада гледано одозгора.

Новиот развој, реализиран како низа урбани градби нарачани од полу-јавна институција во тоа подрачје, завршен е со цел да се зајакне локалната заедница на островот.

„Присуство во Хормуз 2“ е првата фаза од проектот, втората фаза е повеќенаменска културна резиденција наречена Majara residence (што значи авантура), која ги поврзува животот на локалното население и посетителите и на културен и на економски план.

Новото домување сместено на Хормуз, остров кој е некогашно славно, историско пристаниште во стратешкиот теснец Хормуз во Персискиот залив, јужно од Иран, ја контролира испораката на нафта од Блискиот исток.

Архитектите од ZAV за Хормуз велат: „Островот има извонредни шарени надреални пејзажи“.

„Чудно, локалните жители на прекрасниот, туристички и политички стратешки остров се борат економски, вклучувајќи се со своите бродови во нелегална трговија со луѓе“.

„Во земја во која државата се бори со политички спорови надвор од своите граници, секој архитектонски проект станува предлог на алтернативи за внатрешно управување, поставувајќи основни прашања: кои се ограничувањата на архитектурата и како може таа да предложи политичка алтернатива за заеднички живот? Како може да постигне социјална слобода? “, прашуваат од ZAV.

Дизајниран како континуирана, шарена куполна структура, проектот е инспириран од грануларни структури на копното и се користат за создавање архитектура на макрониво.

Добиени од ископите од локацијата, архитектите користеле честички од песок и ги полнеле вреќите кои ги обликуваат куполите, а тоа се просторни честички кои ја сочинуваат целата градба. Оваа техника со песок во вреќи која ја користеле архитектите за да ги конструираат куполите е едноставна и иновативна техника што се користи во регионот, позната е како „Superadobe“ и е изум на иранскиот архитект Надер Халили.

Како што потенцираат архитектите, „Присуство во Хормуз“ е континуиран процес кој има за цел градење доверба, повеќе отколку архитектонски објекти, со цел да се поттикне учеството на локалното население и вклучување на нивните интереси во било која интервенција на островот.

„Малиот обем на градбите ги прави компатибилни со градежните можности на локалните занаетчии и неквалификувани работници, кои беа подготвени за овој проект со претходни помали проекти“, велат архитектите.

И додаваат: „Денес тие се обучени мајстори за ѕuperadobe-sидари, како Надер Халили со тек на времето да расте и се множи “.

Архитектите го опишаа како „набрекната земја“

„Бесконечниот број на шарени честички, било да се тоа земја, песок, чакал или камен, се натрупуваат и формираат топографијата на виножито на островот Хормуз“.

„Во овој проект ткаен е тепих со грануларни јазли инспирирани од честичките што го сочинуваат еконот на островот“, додаваат од бирото.

Вреќите со песок кои ги создаваат просторните честички (ака куполи) се исполнети со песок ископан од пристаништето Хормуз, како земјата да набрекнала создавајќи простор за сместување.

„Архитектурата има способност да биде посредник во средина која ги конвергира интересите на различни групи, од државата и инвеститорите до различни класи и групи на луѓе“.

„Majara тоа го прави собирајќи сопственици на земјиште од соседното пристаниште Bandar Abbas кои организираат годишен landart настан во Хормуз, инвеститори од главниот град Техеран и локално население на Хормуз како партнери во проектот“.

„Под економската неволја поради санкциите, зголемувањето на БДП генерира општествени промени, кои во овој проект се постигнуваат со: 1. Изградба на економски план, во корист на клиентот. 2. Одвојување поголем удел од буџетот за трошоци за работна сила, а не за скапи увезени материјали, во корист на локалното население, зајакнувајќи ги, нудејќи им обуки за градежни вештини 3. Прилагодливо и просторно сценарио кое може да одговори на иднината, може да одговори на непредвидена потреба, во корист на клиентот и островот. Материјали и човечки ресурси од Иран, за да се намалат трошоците за изградба и транспорт и да се зголеми БДП, во корист на целата земја “, продолжуваат од бирото.

„Присуството во Хормуз 2“ куќите содржат пријатни куполи, како што се соби за персонал, кафуле, простории за одмор, складирање, перална, туристички информации, салон и сала за молитва.

Во внатрешноста, архитектите проектирале живописни ентериери што е продолжение на надворешниот изглед на проектот. Ентериерите се засноваат на едноставен распоред – тие се исполнети со флексибилно уредување.

Source: