fbpx Скопје шампион на Европа и трет во свет по загаденост | Studio John & Johny
31
Oct
2019

Скопје шампион на Европа и трет во свет по загаденост

Повторно почна загадувањето и повторно владата најави иницијатива, но резултатите се поразителни.
Многу високи концентрации на ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде се поставени мерни станици. Најаларамантно утрово е во Tетово каде концентрацијата на ПМ10 честичките е 181, по што следуваат Миладиновци-178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112, што е повеќе од двојно од дозволените 50 микрограми на кубен метар.

Според Airvisual.com. Скопје по густината на ПМ10 честичките е на врвот на листата на светски метрополи, а според денешната ранг листа, се гледа дека Скопје во 8 часот наутро беше трети главен град во светот со најголема загаденост на воздухот. Во меѓувреме до 9:35 часот падна на 7 место, додека на оваа листа за Тетова не се дадени податоци.

Source: