fbpx Предавање - “Фотоволтаични Системи, сите одговори на едно место“ во организација на Ротари Клуб Кочани-Виница | Studio John & Johny
04
Oct
2018

Предавање - “Фотоволтаични Системи, сите одговори на едно место“ во организација на Ротари Клуб Кочани-Виница

На 1 Октомври 2018, во организација на Ротари КЛУБ Кочани-Виница се одржа предавање на тема „ Фотоволтаични Системи, сите одговори на едно место.“, каде што свое излагање имаше и дипл. ел. инг. Илија Петрески, косопственик на Студио Џон и Џони.

Предавањето беше одржано во Хотел Александар Парк – Виница, и беа опфатени повеќе теми од проблематиката на фотоволтаичните системи - Монокристални и поликристални модули, On/Off grid системи, Фрониус инвертери, Припрема на Проектна документација, Изведба на фотоволтаични системи, Регулаторна Комисија за Енергетика, лиценци и откуп на ел. енергија, Обезбедување на финансиски средства и кредитирање.

На ова предавање свои излагања имаа:

  • Ротари клуб од Кочани и Виница: Г-дин Јован Попов
  • Ефикс Електрикал и Фрониус: Г-дин Зоран Митрески
  • Пиксел Гроуп: Г-дин Горан Паунов
  • Регулаторна Комисија за Енергетика: Г-ѓа Анастасија Стефановска Ангеловски и Г-ѓа Мирјета Тахири
  • Студио Џон и Џони: Г-дин Илија Петрески
  • Охридска Банка: Г-дин Зоран Тодоров