fbpx Ќе се намалат ли цените на становите во Скопје? | Studio John & Johny
16
Jul
2021

Ќе се намалат ли цените на становите во Скопје?

Во Скопје има голем број станови кои се празни, како во новоизградените станбени згради, на кои поради алчноста на инвеститорите и сопствениците на локациите со секој ДУП им се зголемува катноста и вкупната изградена површина, исто така и во старите згради. Како последица на ова, прашање на време е кога цените на становите во Скопје ќе почнат да одат надолу.

Дел од експертите се со мислење дека надуениот балон со цените во Скопје, кои достигнуваат цени и повеќе од 1250 евра за квадратен метар станбен простор, ќе почне да пука, а цените ќе доживеат пад, анализира marketing365.mk.

Експертите од Агенциите кои го следат трендот на недвижностите во градот, велат дека растот на цените периодов не е воден од економската логика на понуда и побарувачка, туку од порастот на цените на дел од градежните материјали. Со оглед на тоа што светскиот пазар на основните материјали за градба полека почнува да се стабилизира, се очекува дека и цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните.

Советот на експертите е дека кога се купува стан не треба да се брза. Во Скопје постојано се гради, инвеститорите заработуваат нереално, а периодов многу станови остануваат непродадени.

“Почекајте да се стабилизира пазарот, да се намалат цените и купувањето да има реална економска логика” – заклучуваат експертите.

Source: