- English
- Македонски
Зелен пазар во Општина Лозово
Објектот се наоѓа во Општина Лозово, централниот дел на Северна Македонија. Населените места во рамките на општината, изобилуваат со обработливо земјиште, така што населението кое живее тука генерално се занимава со земјоделство и производство на храна. Производствоото и продажбата на добиените земјоделски производи претставуваат основен извор на егзистенција, па затоа, од големо значење е да има простор, односно соодветен пазар, за пласирање на производите од трудот на населението.
Функција
Големината на парцелата, која изнесува 4402м2, и местоположбата овозмужуваат современ израз на пазарот. Објектот е со површина од 520 м2, со правоаголна форма. Во објектот ќе обавува продажба на зеленчук и овојшје, како и млечни производи. Пристапот на посетителите е планиран преку два влеза, од страна на улицата, додека дотурот на роба е решен еднонасочно преку контролирани влезови. Со ваквата организација на просториите нема попречување на вработените од страна на посетителите и обратно, при што објектот ќе функционира безпрекорно.