fbpx РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА НА ПРОДАВНИЦА И ПОРТИРНИЦА ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС - ВИНАРСКА ВИЗБА „ТИКВЕШ“ | Studio John & Johny

Постоечкиот објект беше со застарена намена и истиот треба да се реконструира и да се догради, т.е. да се прошири во однос на габаритот на продавницата и тремот.

Поради потребите на инвеститорот објектот ќе се догради и реконструира и тоа во горниот дел ќе биде продавницата за вино со вкупна површина од 115м2. До продавницата се доаѓа преку затворен трем атрактивно и амбиентално решен, вклопен во природата околу себе. Во задниот дел на објектот се наоѓа портирница со свој санитарен чвор за поза посетители. Во задниот дел на портирницата е и магазинот на продавницата со површинна од 20 м2. Објектот е со спратност приземје со висока атика од 2м со која се покрива целиот кров.

 

Решен како двоводен кров, изведен во класичен дрвен кров со потребни дрвени рогови, подроженици, клешти, пајанти. Самиот кров е изведен од летви, тер хартија, парна брана, дрвени рогови подроженица, воздушен простор, термичка изолација и завршна обработка од рдвен патос во еден дел, додека во другиот дел, т.е. портирницата - завршетокот е од а.б. плоча завршно обработена.

Во продавницата за вино, предниот и страничниот надворешен ѕид се обработени со кер. блок 16см, обложен од двете страни со фасадна тула ви црвена боја, додека останатите надворешни ѕидови се од керамички блок 25см, со завршна обработка на термичка фасада од надвор. додека од внатре ѕидовите се малтерисани, глетувани и молерисани со поликолор боја.

Внатрешните ѕидови се изведени од керамички блок 16см, преградени се трите санитарни чвора, магацинот и продавницата со портирницата.