fbpx Основен проект: ДОГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ЈОУДГ ПРАСКИЧКА –РОСОМАН | Studio John & Johny

Објектот е со нов конструктивен склоп и израз, во ритмиката и фасадниот израз асоцира на модерната архитектура на соодветниот простор и различните просторни целини успешно егзистираат со единствен обликовен израз .почитувани се сите правилници за проектирање на детски гардинки како и правилник за пристап на лица со хендикеп со пад од 6% на секој од влезовите, проектирани според нормативи зададени во НОЈФЕРТ.

Догардбата е позиционирана во продолжение на постоечкиот објект ,се задршува компелтно постоечкиот објект  и се поставува новпиот објект кој е дилатиран во однос на постоечкиот. Новопроектираниот објект е приземен со кота на венец 3,67м.

На ниво ± 0,00 се стигнува со надворешни скали, како и преку приодната рампа ( за лица со хендикеп) , преку главниот влез  кој функционира независно и посебно од постојниот, и е подигнат од котата на терен +0,30м – котата се изедначува со котата на постоечката  тераса од каде се обезбедува економски влез на дотур на храна    се влегува во влезен хол чекална со можност за користење како место за одржување на работилници, канцелариски простор, два тоалети, ходник простор за гардеробирање, остава и две занимални за деца од 4-6 години во групи по 15.

На јужната страна (кај занималните) е предвидена наткриена тераса преку која се излегува во дворот. На северната страна е задржан тремот од постојната градинка со тоа што се предвидува настрешница изведена од челични профили која продолжува и на аголот на постојниот објект се со цел надоврзување и од источната страна преку рампа со тоа и дотурот на храна е преку покриен дел . Храната на децата е предвидена од постоечката кујна која преку покрианиот дел се носи во занималните.