fbpx Подно греење – основи | Studio John & Johny
27
Feb
2020

Подно греење – основи

Алтернативно греење може да вклучува повеќе од ѕидани печки или камини во вашиот дом. Радијантното подно греење е иновативна метода на греење, додуша позната уште од античко време, која е помалку необична но многу ефикасна.

Овој метод на греење е првобитно користен од страна на старите Римјани кои го насочуваа загреаниот воздух низ цевки кој се протегаа под подовите на нивните вили и јавни купатила. Римјаните го знаеја она што денес го откриваме и ние: подното греење нуди луксузно чуство на топлина во целиот простор на енергетски ефикасен начин.

Подно греење е чудесно ефикасен топлотно-дистрибутивен систем кој ги користи предностите на целата подна површина за загревање на домот, за разлика од механичкото загревање на воздух кој излегува низ еден мал отвор и пробува да го загрее цел простор, или браново греење со грејно тело (радијатор, печка, греалица)

Како подното греење функционира?

Подното греење пружа топлина за цел простор преку, како и самото име кажува, подот. Тој е ефикасен систем греење кој работи на необичен начин – хидроника или вода поминува низ цевки положени на подот. Течноста во цевките зрачи топлина на подот, која потоа је пренесува таа топлина во просторот. Подното греење е ефикасен и економичен начин на загревање на просторот. Тоа спаѓа во групата нискотемпературни греења, а температурите на подот зависат од намената на просторијата и се движат помеѓу 21 и 28 степени целзиусови.

Подното греење се потпира на принципите на инфрацрвеното зрачење и конвеквија. Големи термални маси, како што е бетонската плоча, се загрева и потоа зрачи топлина на околните луѓе и објекти – реони најблиску до подот. Вентилацијата, која е неопходна за снабдување свеж воздух за станарите и за намалување на влажноста на воздухот во случајот на радијално ладење, помага во дистрибуцијата на топлината.

Удобни решенија

Подното греење е идеално за употреба кај тврдите подни површини, како што се бетонските плочи, индустриски подови, керамички плочки или камен, кои често остануваат ладни во соби кои се грејат со конвенционални типови на греење кој се застапени во поголемиот број денешни објекти.

Со системот подно греење, цела подна површина на просторијата нежно и рамномерно се загрева одоздолу, без ладни места. Топлотата се шири низ целото тело преку стапалата, како и другите објекти во собата, а не само воздухот кај типичните ситеми на греење.

Луѓето кои патат од алергии го сакаат подното греење бидејќи тоа не подигна прашина, ѓубре и други алергени во воздухот како другите системи на греење. Удобноста не е единствен плус за подното греење – тие исто така нудат значителни заштеди на топлина. Бидејќи ова ги загрева луѓето наместо воздухот околу нив, корисниците на така загреаните простори генерално мислат дека е доволно да ги држат термостатите неколку степени подолу во однос на другите видови на греење.

Покрај тоа, загреаниот воздух со конвенционални системи на греење се крева горе во просторијата, додека топлотното зрачење останува во пониските делови, што ги прави поудобни. И за разлика од топлиот воздух, воздушната топлина нема тенденција да излезе низ прозорите кој слабо дихтуваат или низ отворени врати. Овие фактори значат дека системите за подно греење можат да заштедат помеѓу 10 и 30% на месечните сметки за греење во однос на конвенционалните системи за греење.

Хидраулични и електрични системи за подно греење

Постојат два основни типа на подно греење кој денес се користат во објектите: Хидраулични и електрични. Хидрауличните системи се модерна верзија на древните римски системи, и најпопуларен избор за сопствениците на куќи кој поставуваат систем подно греење во цел објект.

Се до неодамна хидрауличните системи користеа бакарни цевки, но современите системи користат флексибилни цевки налик на гума поставена под подот. Котел (или во некој мали простории, бојлер) се користи за загревање на водата, која потоа циркулира низ цевките и која зрачи енергија преку подот.

Хидрауличниот систем е најчест и најисплатлив вид подно греење во клими кој имаат долги грејни сезони. Вода, средството за термчки пренос, циркулира низ пластични цевки – обично вмрежен полиетилен (PEX) – кој се прицврстени на заварена жичана мрежа или тврда изолација над конструктивната плоча и вградени во бетонска плоча со висока густина.

Електричното подно греење е далеку поевтино од хидрауличното и тоа забрзано станува популарно како се таа технологија подобрува и луѓето стануваат свесни за овој начин на подно греење. Ова исто така е многу поедноставно за инсталација за сопствениците кои сакаат да греат една или две простории, како што се спална соба и купатило, на пример.

Со системот електрично подно греење, под подот се поставува многу тенок електричен панел, сличен на електрично ќебе. Овие панели содржат жици отпорни на топлина вмотани внатре во пропратен матерјал и контролирани со термостат и тајмер. Овој тип на подно греење е многу економичен за поставување и употреба.

Недостатоци на подното греење

Едиснствена мана на овој систем е неговата инертност, т.е многу бавното постигнување на саканата температура во просторијата, Во некој слуачи ова не можеме да го рачунаме како недостаток, туку предност, сето тоа во зависност од намената на просторијата. Кај стално населените објекти, инертноста е секако предност бидејќи доаѓа до изедначување на температурните промени во просториите, но е мана во простори што повремено се греат.

 

Поставување на подно греење

Поставувањето на систем за подно греење е возможна во скоро сите објекти. Покрај поставување во внатрешноста, исто така е можно и надворешно поставување на подно греење. Многу е битно да се предвиди поставување на подно греење во фазите на проектирање, а при градењето да се обрне внимание на поставување изолација и висина на таванот. Подното греее го подига подот за одредена димензија, а во зависност од системот, го намалува и плафонот, затоа е битно навремено планирање.

 

Заклучок

Подното греење не е нова метода и тоа постои илјадници години. Современата технологија и потребите за зачувување на животната средина и заштеда на пари доведоа до развиток на модерни системи подно греење и нам ни обезбедија удобен, енергетски ефикасен и штедлив простор.