Која изолација да изберам?
Почеток на пролетта е незваничен почеток на градежната сезона. Сигурно е дека оние кој што ќе преземат изолациони мерки на своите домови веќе одлучија каков вид на топлниска изолација ќе постават на своите објекти. Од друга страна доколку сеуште немете одлучено каков вид на топлинска изолација ќе поставите, во наредните редови уште еднаш ќе ги претставиме најкористените термо-изолациони материјали.
Доколку ги земеме во предвид најчесто користени материјали за изолација, а тоа се стиропорот и камената волна, тогаш камената волна има предност но од друга страна е два до три пати поскапа. Најголемата предност на камената волна е во тоа што е паропропусна додека стиропорот не е. Тоа Ви е исто како да облечете кинеска најлонска мајица во која што се потите но маицата не го упива потот или пак да облечете мајица од памук. Во памучните мајици е попријатно исто како во куќа која што е изолирана од камената волна. Доколку изолирате со стиропор е препорачува некаков вид на вентилација.
Што се однесува до стиродор тоа никако на фасада. Тоа доколку го земеме примерот со најлонската мајица, стиродурот Ви иди како три најлонски мајици. Стиродурот е за 15% подобар изолатор од стиропорот но и 100% поскап. Постои и графитен стиропор кој што е исто така 15% подобар од стиропорот но е и за 15% поскап од истиот.
Што се однесува до дебелината на изолација, минимумот изнесува 10 cm на камена волна или 12 cm стиропор. Некој ќе препорача 15 cm стиропор што не многу поскапа инестиција.
Што се однесува до внатрешна изолација со стиродур тоа не се препорачува (најлонската мајица). Подобро е да се искористи минерална волна или гипс табла или пак Y-Tong изолациони плочи. Од надворешната страна на плафонот може да се постави стиропор или пак поевтина минерална волна.