ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАД
Општина Росоман даде согласност за изработка на основен проект за уредување на плоштад во Росоман во централното подрачје. Плоштадот треба да се уреди согласно елементите од современото и традиционалното наследство, да се предложи модел на плоштад на површина од 2636 квадратни метри.
Содржини кои треба да бидат предвидени и за кои треба да се води сметка се:
– Поставување на детски играчки и гумирана подлога за безбедност на децата
– Електронски билборди
–Простор за велосипеди
– Фонтани
– Часовник ( да покажува време и температура)
– Клупи и канти за отпадоци
– Канделабри за осветлување ( високи и ниски)
– Фонтана за пиење вода
– Поплочување на платото
– Озеленување на тревни површини и засадување на дрвја
Уредувањето на плоштадот има за цел Росоман да добие поубав лик, да се обезбеди локација која ќе биде во функција на граѓаните, туризмот и на привлекување на домашни и странски туристи.