22
Aug
2019
На Филипини студентите мора да садат дрвја за да можат да дипломираат
Според новиот закон донесен на Филипини, учениците и студентите ќе мора да посадат најмалку 10 стебла за да може да завршат основно, средно училиште и факултет.
Властите се надеваат дека со овој закон ќе се формализира традицијата на садење дрвја по дипломирањето, како и тоа дека ќе биде од помош во борбата против климатските промени.
Заговорниците на новиот закон велат дека тој би можел да придонесе за дури 525 милијарди засадени стебла во една генерација, доколку сите се придржуваат на правилата.
Source: