fbpx Победниците на најпрестижната награда во градежништвото „Structural Awards 2018“ | Studio John & Johny
30
Nov
2018

Победниците на најпрестижната награда во градежништвото „Structural Awards 2018“

Објавени се победниците на најпрестижната награда во сферата на градежништвото „Structural Awards 2018“. Наградата ја доделува Institution of Structural Engineers од Велика Британија кој и оваа година го препозна највпечатливиот градежен зафат во светот. Оваа година главната награда е доделена на проектот, мостот „Tamina Canyon Crossing“ од Швајцарија, додека останатите почесни награди отидоа во рацете на извонредни проекти од областа на мостоградбата, изградба на стадиони и други објекти.

„Structural Awards“ се доделува на годишно ниво уште од 1968. година. Наградите се поделени во 14 категории во зависност од карактеристиките на градбата и предизвиците. Победниците во секоја категорија се бираат од листа составена од 53 проекти, а еден од нив добива и „Supreme Award“ за извонредност во градежништвото.

Tamina Canyon Crossing

Оваа година главната награда отиде кај проектот „Tamina Canyon Crossing“, мост кој се наоѓа во Bad Ragaz, кантонот St. Galen во Швајцарија. Оваа минималистичка бетонска конструкција, која исто така ја доби и наградата „Award for Vehicle Bridges“ е со распон од 473 метри и стои на висина од 200 метри над клисура.

Ова несомнено е исклучително инженерско решение. Членовите на жирито ги инспирирала елеганцијата, јасноста и економичноста на овој проект. Жирито ја приметило ефикасноста на конструкцијата, како и прекрасниот начин на кој мостот се интегрира во спектакуларното опкружување.

Dubai Frame

Помеѓу добитниците е и „Dubai Frame“ кој очигледно доби награда од областа високи и витки конструкции „Award for Tall or Slender Structures“. „Dubai Frame“ изгледа како огромна рамка за слики која се состои од две кули високи 150 метри со „небески мост“ кој ги поврзува на врвот.

Hywind Scotland

Наградата која се однесува на стабилност и одржливост на конструкцијата во екстремни услови „Award for Structures in Extreme Conditions“ доделена е на проектот „Hywind Scotland“. Оваа конструкција е проектирана за да подигне неколку ветротурбина на огромна пловечка база, додека се спротиставува на ветрот и брановите. По составувањето на конструкцијата истата е одвлечена од Норвешка во Шкотска.

Victoria & Albert Exhibition Road Quarte

И конечно проектот „Victoria & Albert Exhibition Road Quarter“ во Лондон кој ја доби наградата „Award for Construction Integration“. Во дворот е поставена нова подземна галерија од od 1.100 квадратни метри помеѓу постоечките музејски згради кој останале недопрени. Крајниот резултат е впечатлив нов двор со кафе-бар и прозори кои гледаат во долниот простор.

Source: