fbpx Материјални Контури / 6та Меѓународна Летна школа за Архитектура, Охрид / УАКС | Studio John & Johny
12
Jul
2018

Материјални Контури / 6та Меѓународна Летна школа за Архитектура, Охрид / УАКС

Во организација на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, во период од 30 јуни до 7 јули се реализираше шесттата по ред Меѓународна Летна школа за Архитектура во Охрид.

Раководител на школата, Митеш Диксит, професор по Архитектура на Syracuse University, New York и основач на архитектонското студио DOMAIN OFFICE од New York. Дел од неговите педагошки истражувања со фокус на методите кои последно ги разработува беа дел настанот “Материјални контури / изложба на територијални истражувања” кој се одржа во киното на железничка зграда во Скопје, минатиот месец.

Специјален гостин и предавач на школата беше Џејмс Весткот (James Westcott), писател и уредник од Велика Британија, за архитектонскиот свет попознат како соработник на Рем Колхас (Rem Koolhas) и автор на биографијата на Марина Абрамович “When Marina Abramovic dies”.

Работата на студентите беше структурирана во две работни групи кои истовремено ги истражуваа контектстуалните слоевите на Охрид.
Процесот на работа беше заокружен со изложба во галерија Робевци. Беа презентирани сите развојни фази на истражувањето на што следеше и јавна презентација на која студентите ги образложија своите предлози.

Source: