ФУНКЦИЈА

Поради потребите на инвеститорот објектот е решен со спратност По+П+2+Пк. Подрумот е со корисна површина од 646,70 м2 со 16 паркинг места и остави. Влезот е со рампа со пад од 16% . Во приземјето на самата локација исто така се предвидуваат 3 паркинг места од кои едното е наменето за инвалиди. Од нивото на подрумот, приземјето, двата ката и поткровјето се повлекува вертикална поврзаност преку двокраки скали .
Целото приземје е подигнато од терен за 96 см .Влезот во објектот е преку
влезна врата и шест скалила .