ФУНКЦИЈА

Од нивото на подрумот, приземјето се повлекува вертикална поврзаност преку двокраки скали, а додека приземјето и поткровјето се поврзани со трокраки скали.
Целото приземје е подигнато од кота на терен за 45 см .Влезот во објектот е преку влезен трем подигнат на три скалила.
 

 

Сутерен

Сутеренот е со корисна површина од п=201.13 м2 , организиран со следните намени: паркинг место за две возила до нив се стигнува со рампа со пад од 16%, котлара за греење на целиот објект, подрумска просторија, Апартман за живеење и помошни простории.

Источна фасада

Приземјето е со корисна површина од п=241.62 м2 , организиран со следните намени: Влезен трем, ходник со скалишен простор, дегажман, остава, бања, гардероба, кујна и дневен престој со трпезарија, спална соба со гардероба и бања. Приземјето е подигнато 45см од котата на улицата.

Западна фасада

Поткровјето е со корисна површина од п=172,00 м2 , организиран со следните намени: ходник, две детски соби, бања, утилити, дневна соба, спална соба со бања и гардеробер.